Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА НУХИУ: Иванов сакаше да ја извади армијата на улица!

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА НУХИУ: Иванов сакаше да ја извади армијата на улица!

„Бомбите“ на СДСМ ја отворија „Пандорината кутија“, а министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, однатре почна да го вади „валканиот веш“ што во изминатите години зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ. Секој ден излегуваат нови фрапантни детали за тоа како функционира односно нефункционира Министерството за внатрешни работи. 

Ако од објавените разговори јавноста дозна дека илјадници граѓани биле прислушувани, дека потоа за да се скријат трагите биле уништени системите и документите, дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, режира апсења и нарачува прилози во вести, дека поранешната министерка од МВР координира избори, прикрива криминал и купува Мерцедес од 600.000 евра, тогаш се поставува прашањето дали оваа институција се уште е МВРО или станува МВР.

Што досега обелодени министерот Нухиу

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, по насилните протести на 27. април откри многу информации и заткулисни игри кои се уште се одвиваат во партиското упориште на ВМРО-ДПМНЕ. 

3 години не функционира интерниот систем за снимање на командите во МВР 

„Тоа е систем за комуницирање со команди кој се прави внатре во МВР и имаме три сервер – оператори кои треба да бидат поврзани со апаратот за снимање на сите команди. Јас веднаш побарав вештачење дали се снимени сите команди, кои биле дадени преку тетра – системот. Повикав експерт од Германија и тој направи проценка дека два сервера за жал не биле поврзани со апаратот за снимање на команди и било констатирано дека такво нешто не функционира не од сега, туку од 2014 година.Зошто не работеле, одговор треба да дадат органите кои треба да го водат процесот на истрага за кривична одговорност и се разбира се бара проценка од експертите или посебно екстра вештачење“.

Вработени во МВР ги зеле хард-дисковите од Собрание

„Двајца вработени добиле наредба од еден висок началник во УБК да влезат во Собранието и да ги земаат хард-дисковите, по што ги земале, но за среќа, имало резервни хард-дискови и ние сепак успеавме да ги земеме снимките.“

Имало сценарио за прогласување на воена состојба од страна на претседателот Иванов

„Сценариото кое според моето мислење постоеше е да се удри по Собранието. Има и гласини кои не сум ги потврдил, односно дека полицајците се повлекле од вршење на законските должности, бидејќи слушнале дека треба да чекаат уште некое време, со цел претседателот да ја извади армијата и да прогласи вонредна состојба“

МВР и Оперативниот штаб изготвиле имале три сценарија за протестите, но, тие пропаднале

„Еднаш примив одговор од Чавков дека се преземени мерки и оти сè е под контрола и надвор од Собранието. Тој потоа ми одговори дека ова е народ и не можеме против него“

Очигледно дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога

„Дел од вработените во МВР наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредби на политичките центри, што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано“

Чавков е одговорен што МВР задоцнето реагираше

„Чувствувам морална одговорност што не успеав да го тргнам влијанието на политиката во Министерството за внатрешни работи со кое раководам овие неколку месеци. Ќе барам мое повлекување за тоа. Но, дотогаш ќе обезбедам мирен трансфер на власта, но и одговорност од раководните структури на МВР и на оперативниот штаб на кој за раководно лице беше назначен директорот за јавна безбедност Митко Чавков“

Нухиу го разреши Чавков од Оперативниот штаб, но тој се уште останува директор на Бирото за јавна безбедност. За разрешување на Митко Чавков одлука носи Владата. А, за негова евентуална одговорност истражува работната група во МВР формирана за да ја расветли улогата на полицијата во немирите во Собранието и Јавното обвинителство кое отвори истрага. 

Ј.М.


Слично

Поврзани вести