Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шок во Тетово по загинатите во пожарот, бабата и дедото се спасиле

Шок во Тетово по загинатите во пожарот, бабата и дедото се спасиле

Траорни глетки и атмосфера владеат во моментов во населбата во Тетово каде уринава околу 4 часот куќа беше пеплосана од пожар. За да биде поголема трагедијата, пожарот во смрт однесе 4 лица, меѓу кои се мајка и четири дечиња на возраст помеѓу четири и 13 години. Мајката како што кажавме имала 38 години.

Тие не успеале да и избегаат на огнената стихија која го зафатила вториот кат од куќата, додека бабата и дедото кои живееле на првиот кат безбедно се извлечени.

Засега според надлежните не е позната причината за пожарот. Се шпекулира на неисправна инсталација или пак е можно пожарот да настанал од печката на која се греат.

На улицата „Гоце Делчев“ каде се случи несреќата, се насобрани соседите и семејството на загинатите, кои неможат да поверуваат што се случи.

Телата на загинатите од опожарениот втор кат на куќата ќе бидат однесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје .

Обвинител и полиција се на местото на трагичниот настан и се врши увид.

Слично

Поврзани вести