ШОК ПРОЕКТ НА ПУТИН: Русија град пат кој ќе го спои светот а ќе чини 150 милијарди долари
Русија планира во развојот на Северениот морски пат, најкратки рути кои ги спојуваат Европа и Азија, во следните пет години да вложи нешто повеќе од 150 милијарди долари. Експертите се согласни дека оваа рута би можела да го преземе приматот над Суецкиот канал штом биде реализирана целата неопходна инфраструктура потребна за обезбедување на пловидбата во текот на целата година.
Според планот Северниот морски пат воопшто да заживее како рута за трговија помеѓу Азија и Европа, аналитичарите тврдат дека е потребно да се зголеми прометот на товар до 80 милиони тона годишно. Во тие цели од рускиот државен буџет ќе бидат издвоени нешто повеќе од 300 милијарди рубљи (4,6 милијарди долари), додека остатокот на средства ќе го финансиираат други државни компании кои се вклучени во овој проект.
Пред се тоа се руската државна нуклеарна компанија „Росатом“ која воедно е и инфраструктурен „оператор“ на Северниот морски пат, која би требало да издвои 173,1 милијарда рубљи, потоа Федералната агенција за морски и речен сообраќај „Росморечфлот„ - 226,5 милијарди, додека 235,9 милијарди рубљи ќе бидат издвоени за спојување на железниците, а 169,6 милијарди за изградба на неопходни пристаништа.
Во тие средства, меѓу другото, влегува и изградбата на неколку мешовити погони, потоа воспоставување на поморскиот систем за комуникација, како и модернизација на базата, каде ќе биде распоредена спасувачката флота, како и технички служби за сите вонредни ситуации.
Имајќи предвид дека руската економија е ориентирана на енергетика, односно нафта и гас, како и дека значаен дел од буџетот не се полни благодарение на овие бранши, Арктикот за Русија игра премногу важна улога, објаснува Григориј Добромелов, член на организациониот комитет на Арктичкиот форум.
Кога се работи за гасот, Северниот морски пат овозможува значајно да се скрати времето, но и да се намалат трошоците при транспорт на синиот енергент во компресиран вид, од моментални 36 на 19 дена, бидејќи тој транспорт сега се одвива низ Суецкиот канал.
За споредба, патот од Владивосток до Санкт Петербург, преку Северениот морски пат изнесува 14 000 км, а преку Суецкиот канал 23 000. Покрај гас, зоната над Арктичкиот поларен круг за Русија претставува главна база за експлоатација и руда и минерали - таму се наоѓаат 95 отсто од рускиот никел и кобалт, преку 80 проценти гас, 25 отсто помалку нафта и 60 проценти бакар.
Кога се работи за другите земји кои би биле потенцијални корисници на овој морски пат, пред се , треба да се спомене Кина. Тамошните експерти оценуваат дека транспортот на Северниот морски пат би ја намалил цената на кинеска роба извезена во Европа двојно, а дотолку помали би биле и трошоците на испорака.
Треба да се напомене и дека значајна работа се случила минатата година, кога данска компанија и светски лидер во превозот на стоки „Маерск лајн“ станал пробен брод по Северно морски пат.
