Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шок бомби и солзавец за демонстрантите пред Собранието

Шок бомби и солзавец за демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието. 

Протестот, организиран преку социјалните мрежи, ескалираше откако дел од демонстрантите фрлаа со камња и факли кон полицијата и се обидоа да го пробијат кордонот за да влезат во Собранието, по што припадниците на ЕБР со оклопни возило ја растурија толпата.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден

Слично

Поврзани вести