Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкотска пред тешка одлука - Ни фунта, ни евро

Шкотска пред тешка одлука - Ни фунта, ни евро

Шкотска ќе биде една од најголемите жртви на Британското излегување од Европската Унија па се погласни се шпекулациите за можно отцепување од Англија. 

Екс премиерот Салмонд сега вели дека еден од првите чекори за Шкотска по Брегзит би бил монетарно осамостојување. Така Шкотска би се откажала од фунтата, но не би се решила веднаш да го прифати еврото, туку да воведе своја сосема нова валута. 

Регулацијата на новата шкотска валута може да биде различна, од фиксен курс врзан со фунтата, до флуктуирачки за што ќе постојат дополнителни дебати меѓу економистите. Секако ова би било огромен потфат за Шкотска која смета дека ќе има многу последици бидејќи повеќе нема да биде дел од ЕУ. 

Да потсетиме дека Салмонд во 2014-та си поднесе оставка откако неговата кампања за независност на Шкотска на референдум не беше успешна.

Слично

Поврзани вести