Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШКОЛО НА 1. ОКТОМВРИ: Подготовките течат, најави мандатарот Заев

ШКОЛО НА 1. ОКТОМВРИ: Подготовките течат, најави мандатарот Заев

Најверојатно стартот на новата учебна година ќе биде точно еден месец подоцна, односно на 1. Октомври, најави мандатарот Зоран Заев, кој ова го остакнаоткако беше запрашан од новинарите пред Собранието каде денеска го достави предлогот за новиот владин кабинет.

-Школската година нема да почне на 1 септември. Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени, изјави Заев.

Инаку денеска, владата на седница одлучува за ова во моментов најважно прашање, а ќе биде разгледана препораката на Комисијата за заразни болести, според која во училиште може да одат само децата од прво до трето одделение и тоа доколку така решат нивните родители, а сите останати ќе следат онлајн предавања. 


Слично

Поврзани вести