Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкариќ: Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала

Шкариќ: Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ вели дека уставот не забранува седниците да се одвиваат он-лајн, односно дека тој не предвидува исклучиво тие да се одржуваат во пленарната сала.

„Уставот предвидува дека Собранието работи на седници свикани од претседателот на Собранието под услов да има кворум од 61 пратеник. Со кворум се усвојува дневниот ред и се врши гласањето, а дискусијата може да се остварува и со помало учество на пратениците на онлајн седниците. Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала“, смета Шкариќ во емисијата „25 Минути“.

За можноста за комбиниран модел кој ќе вклучува онлајн седници се уште се против ВМРО-ДПМНЕ, а резервиран исто така е и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Тоа значи дека може да се одржуваат и на друго место, односно дека може да биде и онлајн седница, пренесувана преку Собранискиот канал, на начин утврден со Акт на генералниот секретар на Собранието. А, со Акт на претседателот на Собранието треба да се утврди начинот на информирањето на онлајн седниците. Така треба да се толкуваат член 66 и член 69 (амандманот 10)“, дополнува Шкариќ.

Слично

Поврзани вести