Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкариќ со детално толкување за промените на уставните амандмани

Шкариќ со детално толкување за промените на уставните амандмани

Пензионираниот професор по уставно право, Проф Д-р Светомир Шкариќ, во обемна и издржана колумна објаснува што добиваат Македонија и Грција со Спогодбата од Преспа и т6врди дека нема простор ниту една влада да излезе како понижена по имплементирањето на овој договор.

„За возврат, и македонската страна прави отстапки. Освен што ја прифаќа географската одредница ,,Северна“ (,,Република Северна Македонија“), прифаќа новото име да се користи и на внатрешен план, кога се во прашање називите на централните државни органи и на официјалните тела и институции што се финансираат од државниот буџет. Новото име ќе фигурира и во патните исправи и во другата службена документација и кореспонденција, но не и во приватната сфера. Граѓаните се слободни во користењето на термините, топонимите и симболите, како и во изборот на ората и песните и веењето на знамето од Кутлеш.

Овојпат нема да се брише ништо (во Уставот на РМ), туку ќе се вметне само географската одредница „Северна“ меѓу зборовите „Република“ и „Македонија“. Тоа нема да ја наруши естетиката на Уставот, како што не ја наруши ни во 1991 година.Но, убавината на уставниот текст може да се повреди со бришењето на зборот „Македонија“ од Преамбулата на Уставот и од неколку членови на нормативниот текст. Во овој случај, зафатот треба да се изведе внимателно, со стручна рака што „трепери“.

Уставните амандмани ќе бидат прогласени со одлука на Собранието. Ќе биде донесен и уставен закон за нивно спроведување, но, со клаузула дека ќе почнат да се применуваат веднаш по ратификацијата на Договорот од страна на Грција. Ако, пак, Грција не го ратификува Договорот, тогаш амандманите нема да произведуваат правни последици. Ќе бидат депонирани во архивата на Собранието како сведоштво за добрата волја на македонскиот уставотворец да реши еден значаен спор со Грција. Тоа ќе биде плус, а не минус за Собранието на РМ“, се дел од поентите од уставните амандмани кои треба да се променат а за кои Шкариќ дава детално толкување.


Слично

Поврзани вести