Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкариќ, Дескоска, Камбовски: Експерти кои ќе го менуваат Уставот

Шкариќ, Дескоска, Камбовски: Експерти кои ќе го менуваат Уставот

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, академикот Владо Камбовски, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, професорката по уставно право Беса Арифи и Александар Спасов, советник по уставни прашања од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски, како и професорот по уставно право Светомир Шкариќ неофицијално ќе бидат експертите кои ќе бидат ангажирани за уставните измени.

Експертскиот тим се очекува да се официјализира до средината на месецов. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ веќе најави дека ќе се формира експертска група којашто ќе ги формулира амандманите за уставните измени. Маричиќ најави дека ќе поканат неколку видни експерти по уставно право, но, како што рече, вратата ќе ја остават отворена и за сите политички партии коишто ќе бидат поканети да номинираат свои претставници со цел да се формулираат уставните амандмани.

Потоа се очекува поширока општествена расправа пред уставните измени да влезат во Собранието, во која би се дискутирало и за самите амандмани.

Рокот за номинирање на претставници во работната група која ќе учествува во измените на Уставот е најдоцна до 10 април годинава, според дописот кој денеска го испрати Министерството за правда. Од таму информираа дека е испратен допис до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја.

Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава. За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени, се наведува во соопштението од Министерството за правда.



Слично

Поврзани вести