Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шиткачите“ на карти за Супер купот со екстра високи казни

„Шиткачите“ на карти за Супер купот со екстра високи казни

Владата на Република Македонија достави нов предлог на кривично дело за кое ќе се изрекуваат строги казни за сите кои препродаваат карти за Супер купот кој на 8 август ќе се одигра во Скопје, а исто така ќе бидат опфатени секаков вид на спортски манифестации.

Токму затоа Владата до Собранието ќе достави предлог за усвојување ново кривично дело во Кривичниот законик. Станува збор за неовластено нудење, рекламирање, продавање и овозможување на друг продажба или посредување во продажба на билети за јавни спортски натпревари, јавни културни или друг вид јавни манифестации.

Канцеларијата на премиерот Зоран Заев како координатор на активностите на институциите – членови на Работната група задолжена за организација на Суперкупот 2017 година, доставила барање за свикување работна група задолжена за изменување и дополнување на Кривичниот законик заради преземање неопходни активности за регулирање на оваа материја, со што ќе се спречат и штетните последици кои би произлегле како резултат на преземање на ваквите нелегални дејствија.

Законските измени се доставени до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, чија седница е закажана за во четврток.

УЕФА овозможи за македонските фанови учество во лотарија со регистрација, а веќе се познати резултатите, односно се одбрани среќните добитници кои билетите за Супер купот ќе ги купат во редовни цени, но за истите мора да прикажат идентификација.

Слично

Поврзани вести