Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шишовска: Ги едуцираме Ромите никој да не ги продава и купува нивните гласови

Шишовска: Ги едуцираме Ромите никој да не ги продава и купува нивните гласови

Сведоци сме секојдневно на дискриминација и навреди во однос на одредени институции, во однос на одредени области, кои ги засега ромската заедница. За да почнеме ние да ги надминуваме предрасудите треба да почнете од потесното семејство, вели Љатуфе Шишовска, од невладината „Амбрела“ за Фактор магазин. 

„Како ние ги воспитуваме нашите деца во однос на тие што се поразлични од нас, а ние во моментот зборуваме за ромската заедница. Така ни се воспитани децата. Не можеме да кажеме ние на детето „Знаеш што ако не го изедеш ова ќе дојде Циганката ќе те земе“ или ќе те украде. Мислам дека прво треба да почнеме од тоа како ние децата ги воспитуваме“- вели таа. 

Таа вели дека ги едуцираат луѓето никој да не ги продава и купува нивните гласови. 


Слично

Поврзани вести