Шиповиќ за Жерновски: Како посветен грујовиста доаѓа на работа после 12 часот
Мирослав Шиповиќ, претседателот на советот на општина Центар, подолго време е во лоши односи со градоначалникот Жерновски кого редовно го критикува на својот профил на Фејсбук.
„Како посветен грујовиста доаѓа на работа после 12 часот. Од самиот почеток набавките во Општина Центар се вршат според тендери и се уредно направени и изведени, ама со само еден понудувач, во наголем дел случаи. Си троши бесмислено за репрезентација и службени патувања. Од 2013 година до сега до денар ги има платено обврските за Скопје 2014, близу 500 милиони денари, а за другите проекти Општината должи околу милион евра “, пишува Шиповиќ во еден од постовите.
Шиповиќ смета дека Жерновски не заслужува нов мандат како градоначалник бидејќи функцијата ја извршува од „Фејсбук“ и активен е само на социјалните мрежи.
Засега е неизвесно кого СДСМ и нивната коалиција ќе поддржи како кандидат за локалните избори во општина Центар. Жерновски посочи дека поднел кандидатура во партијата каде ќе чека поддршка, но во игра се смета дека се и Саша Богдановиќ актуелниот директор на ЈП Паркинзи на општина Центар.
