Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шиповиќ по кратка средба со Жерновски реши да остане на функција

Шиповиќ по кратка средба со Жерновски реши да остане на функција

Контроверзниот претседател на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ спречи нова драма откако се сретна на кратко со градоначалникот Андреј Жерновски и реши да ја промени својата одлука да си поднесе оставка од функцијата.

Поддршка за тој да продолжи да работи како претседател на советот стигна и од советничката група на СДСМ за да не се компликува работата на општината. Добро е познато дека Шиповиќ е во нарушени односи со Жерновски откако реши да го напушти кампот на опозицијата и да настапи како независен. 

Во последните години Шиповиќ често и гласно го критикуваше својот градоначалник, а тврди дека немале комуникација и дека нивната соработка е нарушена. 

За потсетување Шиповиќ беше и дел од истрага за финансиски проневери, доби куќен притвор, за потоа да биде ослободен. Во тоа време СДСМ обвинуваше дека Шиповиќ е мета на политички прогон за да смени позицијата на партиите во Советот на општина Центар.

Слично

Поврзани вести