Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шиповиќ откри како Жерновски се шетал во Париз со општински пари

Шиповиќ откри како Жерновски се шетал во Париз со општински пари

Мирослав Шиповиќ, претседателот на Советот на општина Центар, продолжува да открива детали од работењето на градоначалникот Жерновски на социјалните мрежи кои опфаќаат можни злоупотреби. Овој пат Шиповиќ откри дел од финансискиот извештај на општина Центар каде се гледа и ставка за потрошени пари за наводно шетање на Жерновски низ Париз.

- Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ.

Тој додава дека секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука од Управен Одбор ( во нивниот случај совет на Општина ) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

-А лани нели имаше некој фудбал во Франција?, прашува Шиповиќ.


Слично

Поврзани вести