Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов, заедно со Антони Пешев и Климе Коробар собираше бадникови гранчиња

Шилегов, заедно со Антони Пешев и Климе Коробар собираше бадникови гранчиња

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на традиционалното собирање на бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно. Оваа манифестација традиционално се одржува по 28-ми пат и е во организација на граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

На својот фејсбук профил градоначалникот објави фотографии од настанот, од кои се гледа дека дождот не ги спречил бадникарите да присуствуваат на оваа долгогодишна традиција.

На овој собир, Шилегов ја искористи можноста да им се заблагодари на членовите на одборот за прослава на Бадник за негувањето на оваа убава традиција којашто со години наназад ги обединува и ги зближува граѓаните на Скопје. Тој им посака успешна организација, а на граѓаните им посака среќни новогодишни и божиќни празници.

На манифестацијата присуствуваа и кумот бадникар за 2020 година, Антони Пешев и здравичарот, Климе Коробар.

Слично

Поврзани вести