Шилегов задоволен од нивото на загаденост на воздухот во Скопје
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, е задоволен од нивото на загаденост на воздухот во овој период од годината во главниот град.
- Сведоци сме дека немаме некоја посериозна загаденост на почетокот на грејната сезона, напротив деновите се во рамки на нормалата на загадување, рече денеска Шилегов пред медиумите.
Тој додаде дека градот статешки го решава проблемот и дека не постои град во Европа кој на своите граѓани им дава стопостотно субвенционирање на пет илјади инвертер клими.
– Тоа е единствено градот Скопје и останати три града кои со донација од ЕЛЕМ и од Владата тоа го направивме. Поинтервентна мерка од тој аспект гледано не можете да добиете, ниту да имплементирате. Нема некој кој стопостотно го покрива трошокот на вашето грејно тело. Сето тоа дава резултати кои се видливи во форма на помал број на загадени денови и тоа е така. Така што мислам дека до тој сегмент и во тој дел полека полека успеваме да ја добиеме битката, рече Шилегов.
Додаде целокупната гарнитура на скопски градоначалници има преземено 27 интервентни мерки.
