Шилегов за својот прв официјален противник: Мојот инспекторат беше подобар од нејзиниот
Откако Ана Петровска, поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина денеска беше потврдена како кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата Зелен хуман град. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги искаќа своите први реакции а меѓудругото рече дека инспекторатот на Скопје направил повеќе за животната средина во главниот град отколку оној што го предводела доскорешната функционерка на ДОМ.
Шилегов смета дека Петровска своевремено била презадоволна од работата и функционирањето како на градот така и на Инспекторатот за животна средина и каков било приговор требало да го истакне во перидот кога имале добра соработка, како и дека ќе биде предизвик во изборната кампања да се слушнат нејзините размислувања.
– Да, ќе биде предизвик да се чујат нејзините размислења, бидејќи доколу имала приговор зошто тој приговор не го истакнала во фазата кога имавме многу добра соработувавме, ќе потсетам дека за поморот на Вардар и загадувањето од страна на Железара, градскиот, а не државниот инспекторат излезе, исто и за медицинскиот отпад, борбата со Дрисла ја добивме ние, не ја доби државниот инспекторат, така да ќе биде предизвик да во кампањата ги размениме милењата токму од оваа позиција – заклучи Шилегов.

Петровска денеска за медиумите рече дека градот нема многу надлежности за животната средина но дека таа и нејзиниот тим ќе работат на изработка на краткорочен акциски план кога се надминати праговите за алармирање согласно новиот закон за квалитет на амбиентен воздух и ќе соработуваат со сите институции потпирајќи се на последните научни достигнувања и вградувајќи ги сите потреби и идеи и предлози на граѓаните.
– Ќе работиме на подобрување на управувањето со отпад, со акцент на рециклирање и компостирање за да се намалат количините на отпад за отстранување, пред се ќе го затвориме Вардариште – таа рак рана на градот и ќе работиме на расчистување на оние диви депонии кои во прв ред значат загадување на воздухот заради чадењето, а дури и на водите. Ќе работиме на енергетската ефикасност, особено сакаме да ги направиме енергетски ефикасни сите општински објекти, училишта, болници, и ќе вградуваме фотоволтаични системи, посочи Петровска.
Инаку Петровска е инжинер архитект кој има работено во развој на урбанизмот, во просторниот план и на ГУП-от на Скопје во 2002 година и на просторниот план за заштита на изворот Рашче од загадување и на одлуката за утврдување на заштитни зони на бунарите Нерези – Лепенец.
