Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов за обвинувањата дека бил пијан во Собрание - Не им одговарам на глупите

Шилегов за обвинувањата дека бил пијан во Собрание - Не им одговарам на глупите

Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук напиша зошто досега не реагирал за обвинувањата дека бил во алкохолизирана состојба на собраниска седница, а тоа го пренесоа повеќе провладини медиуми кои упатија лични навреди против него.

„Многумина ме прашуваат зошто не реагирам на написите на маргиналните ликови кои себе си’ се претставуваат како новинари, аналитичари и разно/разни порталчиња, за наводна моја алкохолизирана состојба во Собрание (не пијам алкохол иначе), за бифето во Собрание во кое воопшто не се служи алкохол, за разни филмчиња што си ги монтираат благодарејќи на две камери кои нон-стоп ја пратат пратеничката група на СДСМ, а со коментар на ментално/физички импотентни лица и сличните глупости што како црна кампања ја води ДПМНЕ-то против мен. Епа драги мои, не реагирам бидејќи на глупавиот не можеш да му докажеш дека е глуп. Џабе ќе се трудиш. Нема друга причина. А тие ? Ма баталете ги. Не Ве заслужуваат. Ни Вас ни мене, напиша Шилегов.


Слично

Поврзани вести