Шилегов: Во недела сте сами зад параванот
Носителот на листа на СДСМ, во изборната единица 6 Петре Шилегов денеска на средби со жители во општина Гостивар рече дека зад параванот сами одлучуваат за својата иднина.
Тој таму ја претстави предизборната програма.
Повтори неколку акценти меѓу кои и најавите за минимална плата од 16.000 денари и просечна 30.000 денари. Додава дека со програмата е предвидено платата на наставничкиот кадар да не биде пониска од просечната плата.
„Во недела сте сами зад параванот и
одлучувате за вашата иднина. Заокружете
го бројот 4 за да го спроведеме планот за
живот и да ја вратиме насмевката на
лицата, рече Шилегов.
За ветувањата на противкандидатот Влатко Ѓорчев за 37 проекти за Гостивар рече дека се лаги.
Слично
