Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Во Град Скопје има дури 19 возачи

Шилегов: Во Град Скопје има дури 19 возачи

Петре Шилегов како гостин во емисијата „Само Интервју“ рече дека во Град Скопје има вработено дури 19 возачи за кои, според градоначаникот на метрополата, нема начин како да се распределат.

- Вкупно има 530 вработени и се согласувам дека бројката е преголема. Тие вработија 19 возачи, а ние вработивме 12 инспектори за животна средина. Како да ги распределам кога има определени законски ограничувања, рече Шилегов.

За Градската куќа која треба да биде понудена на продажба вели дека нема ѕидови со кои би се разграничиле одделенијата и канцелариите 

- Тоа е објект од 12, 7 милиони евра во кој нема услови за сите вработени, нема 80 см2 за биро, ќе ги повикаме медиумите да ја снимаат. Одлуката за продажба ќе биде јавно објавена, додаде Шилегов.



Слично

Поврзани вести