Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Власта на Груевски одбивала се што ќе се побара за здравството!

Шилегов: Власта на Груевски одбивала се што ќе се побара за здравството!

Приложувајќи официјални документи од Владата портпаролот на опозицијата тврди дека Власта на Груевски одбивала `се што ќе се побара за здравството.

Петре Шилегов ги обвини Груевски и Тодоров дека лажат и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен.

„Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството  во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува, рече Шилегов набројувајќи го следново:

-За побарана медицинска опрема на Кардиологија – Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За рендген служба во општина Кривогаштани – истиот одговор - Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје – истиот одговор - Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За Реконструкција на Општа Болница во Струмица – истиот одговори - Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на амбуланта во Секирарци – истиот одговор - Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За пункт за итна помош во Идризово – истиот одговор - Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово – негативно мислење од Министерството за финансии“.

Тој вели дека доказите што ги приложува се  вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски и дека не можат повеќе  лажат повеќе граѓаните.

Слично

Поврзани вести