Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов вели Сопиште може да посака и метро, но спомениците не се платени

Шилегов вели Сопиште може да посака и метро, но спомениците не се платени

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов изјави дека Општина Сопиште има автономно право да носи одлуки, коментирајќи ја одлуката на Советот во оваа Општина, кој побара Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради да им го отстапи споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.  

„Општината Сопиште може да си носи автономни одлуки какви што сака. Сопиште може да посака и метро“- вели Шилегов.

Тој информира дека Град Скопје има допис од Претпријатието „Рудници и железарница“ институти кои ги лиеле спомениците од Здружението, тие се неплатени кон нив и од Градот бараат изветување каде се наоѓаат спомениците за нивни потреби во судската постапка што ја водат за неплатен долг за споменици.

„Тоа значи дека Град Скопје примил неплатена донација“- рече Шилегов.

Споменикот на Ќосето е тргнат од пред Врховниот суд во четвртокот наутро затоа што бил дивоградба. Од Град Скопје по отстранување на споменикот најавија дека на негово место ќе насадат дрво на човековите права од видот гинко и го повикаа донаторот да си го земе споменикот.

Советот на Општина Сопиште вчера донесе одлука со која бараат Град Скопје да им го даде Ќосето за да го постават на кружниот тек кој води кон Сончев град.

Слично

Поврзани вести