Шилегов: Утре ја отвораме Зоолошка
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов официјално објави дека утре се отвора ЗОО Парк-Скопје и ги покани скопјани да го посетат.
„Утре ја отвараме Зоолошка. Со посебен безбедносен режим.Во меѓувреме, го изработивме живеалиштето на фламингата. И тоа се отвара наскоро. Скопје, една поинаква приказна“, објави Шилегов.
Од утре од девет часот Зоолошка градина- Скопје повторно ќе биде отворена.
Секој што ќе сака да ја посети Зоо градината ќе мора да носи заштитна маска при влез, Ред за влез ќе се чека на дистанца од 1,5 метар. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта, се додека не се донесе одлука дека може да има групно собирање.
Дозволено е во текот на денот да се примаат до 1.000 посетители, што значи дека за време од еден час ќе може да има максимум до 150 посетители.
Зоо градината поради епидемијата не работеше два и пол месеци.
