Шилегов: Уште вечерва Скопје ќе има ново раководство
Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ, откако гласаше во своето маало истакна дека очекува нова градска администрација која тој ќе ја предводи уште во првиот круг.
„Денеска излегов да гласам на избирачкото место каде што години наназад гласам со своето семејство. Очекувам дека тоа ќе сторат и што поголем број од граѓаните на Скопје и општо во Македонија, бидејќи новата градска администрација што ќе ја предводам, така ќе го црпи легитимитетот. Исто така, масовноста дава и можност уште вечерва да го добиеме победникот за градоначалник на Град Скопје. Во секој случај, каков и да биде резултатот, вечерва Скопје ќе има нов Совет предводен од СДСМ, што конечно ќе стави крај на десетгодишното неодговорно владеење без грижа за нашите граѓани“, посочи Шилегов на денешното гласање.
Тој им порача на медиумите и граѓанските здруженија будно да го следат изборниот процес и секоја евентуална неправилност да биде навреме пријавена.
