Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов тврди дека во 2019 година сме имале помалку загадени денови

Шилегов тврди дека во 2019 година сме имале помалку загадени денови

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во емисијата Детектор рече дека кога ќе се направи споредбата со претходните години, истовремено споредувајќи ја и количината на врнежи, но и просечната брзина на ветерот, податоците покажуваат дека во 2019 година сме имале помалку загадени денови.

„Има работи кои што се прават кои што можеби не личат атрактивно во даден момент, јавноста можеби и не ги перцепира така“ – вели Шилегов.

Шилегов додаде дека го зголемил бројот на лиценцирани оџачари од 2 на повеќе од 20, воведени се инвертори како клима уреди, стимулиран е алтернативниот превоз. 

Во Македонија утрово во повеќе градови имаше високо загаден воздух.

На лицата кои починале како последица од загадениот воздух во просек им е скратен животниот век за 25 години, што е сериозен индикатор за секој што е изложен на екстремно загадување.

На најголем удар се изложени жителите на Скопје и Тетово. Ова го покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје.

Аерозагадувањето ќе се надмине доколку Македонија стане членка на ЕУ, сметаат 37,6 отсто граѓаните, покажала анкетата која ја презентираа во Детектор. 

Слично

Поврзани вести