Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Теарце ја има честа да ја запечати победата на граѓанска Македонија

Шилегов: Теарце ја има честа да ја запечати победата на граѓанска Македонија

Теарце ја има таа чест да ја запечати победата на граѓанска, демократска Македонија. Граѓаните во Теарце, како и граѓаните во целата Македонија, одбираат европска Македонија, порача во среда Петре Шилегов носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ6.

„И овдека во Теарце граѓаните заслужуваат да имаат водовод и канализација како секаде во современиот свет во дваесет и првиот век. Токму затоа овдека истакнуваме: секој е важен! Секој човек во Република Македонија е важен“, рече Шилегов.

Тој додаде дека приоритетите на новата демократска Влада на Република Македонија се токму потребите на граѓаните на Република Македонија.

„Во Теарце победува Македонија“, истакна Шилегов.

Слично

Поврзани вести