Шилегов: Сопственици на казино сакаа да го закупат плоштадот и да ја доведат Цецa
Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, на вечерашниот собир на манифестацијата Чекор по чекор рече дека сопственици на кззино му понудиле да го закупат скопскиот плоштад.
Станува збор за сопственици од Србија кои сакале свеченото отворање на казиното со изнајмување на оваа јавна површина и настап на балканската турбо-фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ-Цеца.
- Дојдоа кај мене со план за голема прослава на 18 ноември. Ми рекоа дека веќе ја договориле и Цеца. Јас нормално веднаш ги одбив и им реков дека скопскиот плоштад не е за изнајмување додека јас сум градоначалник, рече Шилегов.
Градоначалникот оваа анегдота ја откри зборувајќи за плановите на градската управа да го номинираат Скопје за европски град на културата во 2028.
