Шилегов со вечерна објава: Деноноќно работиме на автобуското метро
Скопје дефинитивно ќе има БРТ - Бас Рапид Транзит, објави синоќа градоначалникот Петре Шилегов. Вели дека автобуското метро станува реалност годинава и дека екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој, како што вели, долгогодишен скопски сон.

„Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот, напиша Шилегов.

Слично
