Шилегов со кученце на биро го најави отворањето на „Лајка“
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави фотографии со мало кученце на бирото во неговиот кабинет и го најави скорото отворање на стационарот за кучиња-бездомници „Лајка“.
- Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме. А да. Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани .., напиша Шилегов на „Фејсбук“.
Со основање на новото претпријатие кое ќе се грижи за проблемот со уличните кучиња, досегашниот стационар Вардариште преминува под надлежност на градот. Со новиот стационар, кој значително ќе ги подобри условите за кучињата кои немаат сопственик, ќе управуваат и дел од невладините организации.
Слично
