Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов склучил договор со фирмата на сопругот на Царовска, тврди ВМРО-ДПМНЕ: Тој вели, лага е

Шилегов склучил договор со фирмата на сопругот на Царовска, тврди ВМРО-ДПМНЕ: Тој вели, лага е

Договор за снимање со дрон вреден милион денари со фирмата „Флај Кем“, која е во сопственост на сопругот на министерката за образование Мила Царовска, склучил пред две недели, Град Скопје на чело со градоначалникот Петре Шилегов, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.  Вели дека истата фирма била ангажирана и претходно во мај 2019 година за снимање на диви депонии. Од Град Скопје попладнево соопштија дека се е лага, но не го споменуваат договорот.

„Предмет на договорот за сопругот на Царовска е услуга за изнајмување на опрема за висинско набљудување на шумски површини во скопската котлина за рана детекција на растителни болести!? Во моменти кога Македонија тоне во здравствена и во економска криза, а се повеќе деца се заболени и имаат последици од короната, во време кога училиште во Скопје се затвори пред налетот на епидемијата, прашање е која е вистинската причина сега, во изборна година Петре Шилегов да спроведува ваков проект? Потребен ли е ваков проект за Мила Царовска да го обезбеди бизнисот на својот сопруг за цела година со еден милион денари? – праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Кабинетот на Шилегов велат дека кога во неполни 3,5 години, од кои една е во услови на светска пандемија, Градот и градоначалникот успеале да завршат многу проекти ВМРО-ДПМНЕ само измислувале лажни вести.

„Кога градот и градоначалникот во рекордно време успеаја да завршат четири нови булевари, реконструираат цел клинички центар и да ја изградат монтажната болница, кога се завршува мостот на Вардар во Аеродром, кога секоја година се градат десетици километри нови велопатеки, подигаат илјадници квадратни метри нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори, се подигнуваат нови дрвореди, се уредуваат зелени покриви, кога светските организации за мерење на загадувањето на воздухот бележат континуиран пад на загаденоста во Скопје, кога низ градот се движат 33 нови МАН автобуси на гас, се пробива и расчистува кејот на Вардар и кога после 30 години управување со Град Скопје, градоначалникот Шилегов успеа за само три години да го доведе градот пред набавка на трамвај на тркала, логично е дека оваа партија ќе нема што друго да прави освен да измислува скандали и да пласира лажни вести. Ако се има сево ова предвид, тогаш е јасно зошто вмро-дпмне вештачки се обидува да креира наводни скандали, бидејќи и нив им е јасно дека ќе добијат поразителна порака на следните локални избори, стои во реакцијата.


Слично

Поврзани вести