Шилегов сепак не се истрчал, се очекува снег и во Скопје
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пред два дена на Фејсбук се пофали дека градските служби се подготвени за снегот, а тоа наиде на потсмев кај јавноста затоа што температурите беа невообичаено високи за ова време од годината.
Сепак, поради продор на студена северна маса во воздухот, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи на снег безмалку насекаде во земјата, додека повеќе врнежи од дожд се очекуваат во западните делови.
Во прогнозата на Хидрометеоролошкиот завод се вели дека врнежите ќе завршат во петок навечер, по што се очекуваат значително пониски температури.
„Во петок и за време на викендот ќе имаме суво и многу студено време, каде температурата во повеќето делови на земјата ќе падне под нулата во текот на целиот ден. Ладни температури се очекуваат претпладне за време на викендот, кога во Малешево и Пелагонија се очекува да бидат забележани температури до -12 степени Целзиусови. Додека студот ќе продолжи и во текот на следната недела, по што ќе имаме пораст на температурите “, информира Хидрометеоролошкиот завод.
