Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов се врати во кабинетот по две недели боледување

Шилегов се врати во кабинетот по две недели боледување

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска се врати на своето работно место во својот кабинет откако претходните 17 дена боледуваше како позитивен од Ковид-19.

„Назад на секојдневните обврски. Скопје не смее да застане. Одиме понатаму, уште повеќе, уште подобро“, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Скопскиот градоначалник вчера објави дека е негативен на коронавирусот, односно дека го победил невидливиот противник и дека денеска се враќа на секојдневните обврски.

Шилегов на 20 јуни објави дека е позитивен на корона вирусот. На својот фејсбук профил тој напиша дека покрај сите мерки кои што гипревземал за лична и заштита на луѓето околу него, сепак тестирањето покажало дека е позитивен на ковид-19.

Слично

Поврзани вести