Шилегов се враќа во форма откако објави дека е позитивен на КОВИД-19 - се пофали со новата опрема во Дрисла
По пет дена откако објави дека е позитивен на коринавирусот, скопскиот градски татко Петре Шилегов, по се изгледа дека се враќа во форма.
Тој на 20 јуни објави дека имал позитивен тест, а од симптоми имал само зголемена температура.
Следните пет дена, скопскиот градоначалник, кој инаку на својот фејсбук профил ревносно објавува фотографии од сите потфати што се направени во градот Скопје, не беше активен.
Но, веќе од вчера се враќа во игра, и на својот профил објави вести од бројни активностите на градот Скопје.
Првата информација е за депонијата Дрисла, која Градот Скопје неодамна ја презеде, по расчистувањето на сите правни работи со поранешниот сосптвеник. Секако, таа е проследена со бројни фотографии.

„Кога пред неполни 6 месеци ја преземавме Дрисла, после 9 години голгота на криминално партнерство, Ви ветив дека полека ќе ја претвориме во современа депонија.

Денес, после 6 месеци, започнуваме со нејзиното опремување.
Скопје, една поинаква приказна“, пишува Шилегов.
Инаку, ЈП депонија Дрисла набавила нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.
Претходно, пак, Шилегов објави фотографии од средување на јавните површини.

„Градот е функционална институција, без оглед на моето времено отсуство.
Продолжуваме со создавање на нови, квалитетни јавни површини“, напиша Шилегов.
