Шилегов се чувствува одговорен за „претседателскиот“ пораз во Скопје
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, не ја исклучува можноста за индивидуална одговорност во партиските структури по драстичното намалување на гласовите на СДСМ и владината коалиција во главниот град по првиот круг од претседателските избори на чија територија минимално победи Гордана Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски.
- Тоа е порака што допира до сите нас кои обавуваме јавна функција. Ова беше опомена и после изборите ќе се согледа сечија индивидуална одговорност. Јас сум исто така дел од тоа бидејќи сум избран од граѓаните, но сепак на локални избори - рече денеска Шилегов пред новинарите.
Сепак, исто така, апелира до граѓаните дека, и покрај незадоволството од СДСМ, тие треба да излезат на гласање а не да ја осудуваат државата и да ја враќаат земјата назад.
