Шилегов: Руското царство ја створи Санстефанска Бугарија со апетити кон Македонија
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, со статус на Фејсбук изнесе теза дека Бугарија и денес има, како што вели тој, експанзионистички апетити кон Македонија.
Според членот на Извршниот одбор на СДСМ, феноменот е историски поттикнат од Руското царство преку создавањето на Санстефанска Бугарија.
„Идеен, политички и формален творец на “Санстефанска Бугарија” е Русија (Руското царство) во фазата на нејзиниот експанзионизам кон западот на Европа и кон Балканот.
Востановена е во март 1878, но укината под притисок на западните сили на Берлинскиот конгес во јуни/јули истата 1878 година.
Иако “постоела” само 3 месеци, Санстефанска Бугарија станува неостварен сон на “бугарските национални романтичари” и представува основ за експанзионистичките апетити кон Македонија.
Тие 3 месеци се основ на минатите, но и денешните (се надевам не и идните) негаторски политики на Бугарија кон постоењето на македонскиот народ и создавањето на самостојната македонска држава.
Империјалистичките (експанзионистичките) политики ги гледаме и денес, во 21-виот век“, напиша Шилегов на Фејсбук. …
Слично
