Шилегов: Резултатите се јасни, имаме победа во првиот круг
„Им честитам на граѓаните на Скопје за одважноста, храброста и одлучноста што ја покажаа и што гласаа за заокружување на промените и за живот за сите во Скопје.
Новото Скопје, повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред.
Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг.“, изјави Петре Шилегов, кандидатот од редовите на СДМС кој е на чекор да стане новиот градски татко на Скопје.
Шилегов им ја честита победата на сите граѓани на Македонија, победа која како што вели со која СДСМ и коалицијата ги потврдија промените и во Скопје.
„Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните.
Овој резултат за мене претставува голема чест но и уште поголема обврска.
Од првиот ден ќе се зафатиме со решавање на најгорливите проблеми на градот Скопје, загадувањето, зеленилото и сообраќајот.
И граѓаните многу бргу ќе можат да ги видат промените.
Новата градска администрација што ќе ја предводам, ќе биде сервис на граѓаните, ќе работи и ќе се води исклучиво од нивните инетреси.
Најавивме ново време на одговорна, домаќинска и транспарентна власт и ова станува правило во цела Македонија.
Уште еднаш, им благодарам на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваа на изборите, на сите институции што овозможија слободни и демократски избори, на сите членови и сите волонтери на СДСМ и коалицијата, кој несебично се вложија во оваа изборна кампања.
На овие избори победија граѓаните, победи Скопје, победи цела Македонија“, изјави Шилегов.
