Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШИЛЕГОВ РАСПАЛИ ЗА АРСОВСКА: Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот!

ШИЛЕГОВ РАСПАЛИ ЗА АРСОВСКА: Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот!

Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, овој пат со посериозен статус се огласи на Фејсбук и директно и се обрати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„На ФБ обично сум саркастичен (со сериозни пораки, кој разбира), но сега нешто сериозно:

Нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација.

Почитувана Арсовска, заминете си !!!

Поднесете оставка !!!

Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа).

Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме.

За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!!

За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …“, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести