Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Пресудите се криминал, срам и можеби ова се најцрните денови на судството

Шилегов: Пресудите се криминал, срам и можеби ова се најцрните денови на судството

Пресудите се криминал и срам и можеби ова се најцрните денови на македонското судство, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за првата група од девет насилници кои учествуваа во насилствата во Собранието на 27 април, а кои денеска се осудени на условни казни.

Шилегов  се надева дека ниту еден од актерите кои учествувале во според него, партиски нарачаната претстава нема да го доживее тоа што пратениците на парламентарното мнозинство тој ден го преживеале. Портпаролот на СДСМ, вели дека целата јавност можеше да види кој го планирал, поттикнал, но и го организирал упадот во Собранието. 

„Срамното и криминално постапување на Марко Зврлевски, неговото обвинителство и извршителите на Груевски, се последниот обид за спасување на виновниците за нападот во Собранието. За тоа Зврлевски и партиските судии на ВМРО-ДПМНЕ стануваат соучесници на нарачателите и извршителите на инцидентот. Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието на Македонија го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците“- изјави Шилегов.

Тој додава дека снимките кои беа објавени вчера се клучниот доказ дека Никола Груевски постојано лаже. 

Македонија нема да биде правна држава се додека во целост не биде расчистен организираниот напад во Собранието, смета Шилегов.

Слично

Поврзани вести