Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се инструментализирани во заштита на криминалот

Шилегов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се инструментализирани во заштита на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја, изјави пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. 

Тој вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се инструментализирани и преку обид да направат тотална блокада на Собранието делуваат  во заштита на криминалот на нивното партиско раководство. 

„Нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки. Затоа на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала“- изјави Шилегов. 

Вели дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. 

Слично

Поврзани вести