Шилегов потврди дека државните симболи нема да се менуваат
Промена на државните симболи, уставниот и унитарниот карактер на Македонија нема, изјави денеска пратеникот Петре Шилегов од СДСМ во Собранието.
Ова беше одговор на прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митревски.
„Не можам да се согласам со предлозите за кандидати за членови на Комисијата, предложени од СДСМ кои сквернавеа институции. Дали тие членови знаат кој дел од химната треба да се смени? Членовите на оваа Комисија имаат важна работа“ - рече Митревски.
По паузата, во 15 часот пратениците продолжија со расправа во Собранието петти ден по ред.
Слично
