Шилегов покажуваше документи: Имам решение за реконструкција на семејната куќа од 2020
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го покажа одобрението од Општина Карпош за реконструкција на неговата семејна кужа. Тој вели дека со овој документ, лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека тоа го правел без одобрение. Истото, вели тој, е издадено во декември 2020.
- Семејната куќа е изградена 1995 од мојот покоен татко, јас сум нејзин сопственик од 2006. Јас сум сопственик на куќа од приземје, прв, втор кат и кров. Фактичката состојба е и денеска. Ништо не е додадено во имотниот лист, вели Шилегов во своето видео-обраќање до јавноста.
Шилегов го покажа и решението за приватизацијата на градежнопто земјиште, демантирајќи дека не е сопственик на парцелата.
Рече дека не слушнал од опозицијата никаква идеја за политиките за Скопје, но и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и поранешниот градоначалник Коце Трајановски „се кријат зад“ Данела Арсовска како независен кандидат.
