Шилегов: Поддршка од 31 отсто е многу во политиката
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, е задоволен од истражувањето на ИРИ во чија анкета објавена минатата недела на прашањето дали би го поддржале за повторно да биде избран, 69 отсто од испитаниците неговата работа ја оцениле како незадоволителна.
- Поддршка од 31 отсто во политиката е многу, рече Шилегов и нагласи дека до крај ќе го одработи, како што вели, својот мандат без да води сметка за тоа кој ќе му биде противкандидат од опозицијата на локалните избори.Шилегов потсети дека минатата недела со надворешниот извршител продолжила постапката на уривањето на една од галиите во коритото на реката Вардар откако е укината времената мерка.
Тој додаде дека на 7 јули на новото рочиште по тужбата од поранешниот сосптвеник на галијата тој има право како градоначалник да го застапува Град Скопје во секоја постапка.
Очекува законското решение за комунална полиција да биде разгледано од Владата во јули, а дополни дека во неговиот мандат јавното претпријатие Комунална хигиена има 20 возила за миење улици, односно по две за секоја скопска општина.
