Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов по номинацијата: Скопје го заслужува најдоброто

Шилегов по номинацијата: Скопје го заслужува најдоброто

Актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов упати благодарност до Извршниот одбор на СДСМ откако на седницата која се одржа синоќа официјално беше потврдена неговата кандидатура за уште еден мандат на претстојните локални избори.

„Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа по седницата ги соопшти имињата на првите 30 кандидати за градоначалници на кои владеачката партија ќе им даде поддршка  и додаде дека врз основа на анкетите го избрале најдоброто. 



Слично

Поврзани вести