Шилегов: Она што моментално може да го исполни Груевски е да ја предаде мирно власта
Петре Шилегов во име на неговата партија СДСМ ги повика сите вработени во јавните установи и правосудниот систем да бидат свесни за нивната одговорност, притоа да ја работат работата професионално и да не штитат криминал.
Шилегов вели дека единствено што моментално може да направи Никола Груевски за државата е мирно примопредавање на власта.
Тој рече дека се злоупотребува Деловникот на Собранието со тоа што пратеници од иста пратеничка листа, реплицираат и контрареплицираат самите на себе, гуубејќи го времето кое е важно за граѓаните и дека треба да ги откочат демократските процеси за земјата да оди напред.
Од СДСМ денеска посочија дека партијата на Никола Груевски нема да избега од направените криминали, а дека рокот на Специјалното јавно обвинителство ќе биде продолжен за да се расчисти случајот со прислушувањето.
Шилегов најави реформи во судството укажувајќи дека Македонија ќе биде правна држава.
