Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов одлучи да го продава градскиот мерцедес

Шилегов одлучи да го продава градскиот мерцедес

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одлучи да го продава мерцедесот што го наследи од својот колега, Коце Трајановски. 

Според Шилегов, автомобилот бил стар, со поминати 14.000 километри, небезбеден за животната средина, речиси нефункционален. Сѐ уште не е направена проценка за да се одреди вредноста на возилото, а ќе се продава на јавно наддавање. 

Инаку во меѓувреме Шилегов го користи своето сопствено возило за извршување на службени работи.

Од град Скопје напоменаа дека Шилегов нема намера во иднина да набавува луксузно возило, но не е исклучена можноста во иднина возниот парк на Град Скопје да се прошири за потребите на администрацијата, но со електромобили или екоавтомобили.

Слично

Поврзани вести