Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов објави видео од противпожарната скала од 1,7 милиони евра

Шилегов објави видео од противпожарната скала од 1,7 милиони евра

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, објави видео од противпожарната скала, закоја денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини дека ја набавил за 1,7 милиони евра од компанија од Будимпешта.

Скопскиот градоначалник, без да одговара на други детали, му порача на претседателот на најголемата опозициска партија дека скалата е купена поради безбедноста на граѓаните. И претходно Шилегов велеше дека висококатниците се под голем ризик од пожари затоа што главниот град нема ваква скала.

„Додека ТИ Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани!

П.С. Продолжи и понатаму да се занимаваш со црнилото во својата душа. Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани. Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди“, пораша Шилегов.


Слично

Поврзани вести