Шилегов: Нема да се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев
Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија, изјави Петре Шилегов пред денешниот Централен одбор и Извршен одбор на СДСМ.
„Нема да се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев, меѓутоа треба да разгледаме неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата“, рече Шилегов.
Тој очекува дека тоа ќе се случи, но кaжа и дека имаат многу важни теми за кои треба да разговараат на седницата, поврзани со состојбите во државата.
Слично
