Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШИЛЕГОВ НЕГАТИВЕН: И официјално, невидливиот противник е победен

ШИЛЕГОВ НЕГАТИВЕН: И официјално, невидливиот противник е победен

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави на Фејсбук дека е негативен на коронавирусот. 

„Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме“, пишува тој. 


Повеќе функционери беа заразени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести