Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов не знаел за сечата на дрва во Чаир

Шилегов не знаел за сечата на дрва во Чаир

Шилегов не знаел за сечата на дрва во паркот кај поликлиниката во општина Чаир. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера ги исече дрвата, а од Кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги предупредија во иднина да ги известуваат за секоја сеча на дрва пред да ја направат, пренесува СДК.МК.

Граѓаните кои живеат во околните згради бараат објаснување од Град Скопје зошто е исечен пола парк, кога Скопје се соочува во висока загаденост на воздухот.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека ги исекле дрвата бидејќи се работело за тополи кои биле опасни и морало да бидат отстранети за да не нанесат штета некому.

„Сечењето е според програмата на Град Скопје. Стануваше збор за тополи кои беа накривени и малку фалеше да паднат врз зградите или не дај боже врз некој човек во паркот. Заради вакви случаи ние плаќаме оштети на граѓани, само пред неколку недели плативме еден милион денари, на граѓанин бидејќи дрво му паднало врз колата. Предвидено е во наредниот период да се сечат тополите спроти поранешна Нова Македонија“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ


Слично

Поврзани вести