Шилегов: Не сме разрешени, дадовме оставки
Петре Шилегов, откако вчера заедно со преостанатите потпретседатели на СДСМ беше ослободен од обврските во партиското раководство, изјави дека оставките се во функција на победа на најголемата владеачка партија на следните парламентарни избори. Градоначалникот на Скопје вели дека целта е да не им се дозволи замав на силите кои „промовираат негативни вредности во последните 15 години“.
„Прво би сакал да ги разликуваме поимите разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заеднно со другите другари, потпретседатели на СДСМ, во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати тие оставки. Второ, уште пред седницата на Централниот одбор вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики коишто ќе веривикуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години„, смета Шилегов.
Вели дека е задоволен од неговата работа како градоначалник на Скопје и дека неговите политики на работа се со долгорочен ефект. Покрај Шилегов, синоќа ослободени од своите партиски задолженија се и Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.
